По една година од смртта на Балашевиќ, Оливера си ја отвори душата: Моментите без него се океан на тишина…

1 min read

Една година по смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, неговата сопруга Оливера Балашевиќ, во голема исповед за хрватскиот магазин „Глорија“ откри дека не поминува ниту еден ден, а да не пролее солзи, сеќавајќи се на животот со својот сакан сопруг кој пленел со љубов, грижа и духовитост.

„Моментите поминати со него се всушност децении… Моментите без него се океан на тишина и тешко можеме да ги преименуваме! Но, имало преживеани од „Титаник“, па како да нема и од „Белиот брод“ на панонскиот морнар, мојот Ѓорѓе?!Нашите деца и јас храбро ја прифативме неизбежноста. Не поминува ниту еден ден, а да не се расплачам, како дете низ смеа, сеќавајќи се на животот и неговата љубов, грижа, духовитост…“, раскажа таа.

„Својата прва ЛП плоча, Ѓоле ја нарече „За мојата мајка, наместо матурска слика во излог“, со длабоко жалење затоа што не им ја дал таа слика на своите родители… Многу години подоцна, се „искупи“ така што на внуките им „дозволи“ да ги гледаат страниците на некои од школските алманаси, во кои е онака, во патики, шеретски, со рацете во џебовите…“, откри Оливера.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Национал: Дронот е украински, бил наменет за руските позиции

Следно

ВИДЕО: Јокиќ му покажа на Ембид кој е МВП, Денвер славеше над Филаделфија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian