ОН: Во Авганистан 23 милиони луѓе се соочуваат  со акутен глад

1 min read

Во Авганистан 23 милиони луѓе се соочуваат со акутна глад, изјави заменик специјалниот пратеник на Обединети нации за хуманитарни прашања д-р Рамиз Алакбаров.

-Во Авганистан, неверојатни 95 отсто од населението не јаде доволно храна, при што тој процент се зголемува на речиси 100 отсто во домаќинствата водени од жени, истакна Алакбаров, додавајќи дека тоа е сурова реалност.

Во јули, пред талибанците да ја преземат власта во Авганистан 14 милиони луѓе се соочуваа со акутен глад.

Меѓународните фондови за развој се замрзнати, како и резервите од над девет милијарди долари на авганистанската Централна банка, што предизвика финансиска катастрофа во земјата. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Нови бебиња во Зоолошката градина, се родија мали патаси

Следно

Голоб и Јанша водат на анкетите во Словенија за парламентарните избори во април

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian