Омилен рецепт со шунка и кромид: Прочуената германска пица

2 mins read

Аромата на печен кромид и шунка од рерна ги носат брзите мали пици кои се омилени во Германија.
Германските минипици со кисела павлака и кромид со потекло од Баден-Виртемберг ќе ги најдете под називот „динете“, „динеле“, „динеде“ или „дунеле“.

Често се подготвуваат за време на карневали, но и во текот на целата година може да се најдат на германските трпези. Се подготвуваат од обично брашно или комбинација од пченица и спелта.
Тестото се обликува во овални форми, се премачкува со павлака, а потоа се додаваат и другите состојки како кромид, млад кромид или праз, сланина и сирење. Можете исто така да додадете шунка и зачини како копар.

Состојки за германска пица:

– 250 гр брашно
– 1/2 пакување сув квасец
– 100 мл млеко
– 3 лажици вода
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажичка сол
– ¼ лажичка шеќер
– брашно за посипување

Полнење за германска пица:

– 200 гр кисела павлака
– 1 кромид
– 1 млад кромид
– 50 гр рендано сирење
– 100 гр шунка
– сол и црн пипер

Подготовка на германска пица:

Измешајте ги состојките за тестото, па замесете го и ставете го на топло место, покријте го со чиста крпа и оставете еден час.

Тестото поделете го на четири дела на набрашнета работна површина, па развлечете го во овални форми.

Ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Се меша кремот, се премачкува тестото и се додаваат сечканите состојки: кромидот и младиот кромид, па шунката и ренданото сирење. Додадете сол и бибер и оставете 20 минути.

Печете во рерна на 200 степени Целзиусови околу 15 минути.

Послужете ги топли.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама негира дека има албански платеници во Украина

Следно

Русија стравува за безбедноста на своите џудисти, ги повлече од натпревари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian