Министерот Сали ја посети ГОБ „8 Септември“ каде е обезбедена нова опрема за пост ковид третман

1 min read

Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети Градската општа болница „8 Септември“ каде веќе две години деноноќно се лекуваат пациенти со ковид.

-Од оваа перспектива, може да се каже дека ГОБ „8 Септември“ изминатиот период се соочи со исклучително голем предизвик на кој успешно одговори и со полн капацитет, имајќи предвид дека установата е комплетно опремена и подготвена за вршење целосен дијагностички и терапевтски третман, со најсовремена медицинска опрема и обучен стручен кадар. Во континуитет се зајакнува капацитетот на установата. Така на пример, од социо-економскиот грант од Амбасадата на Јапонија во вкупна вредност од 813 илјади евра е обезбедена нова медицинска опрема за пост ковид третман на пациенти, а до крајот на годината ќе следи и дополнително зајакнување во овој сегмент, рече министерот Сали.

На средбата директорот, д-р Христијан Костов информираше дека годинава се извршени 36.000 прегледи во трите инфективни амбуланти и во тријажниот центар на пациенти позитивни на ковид или суспектни на вирусот.

Во изминатите месеци во болницата биле хоспитализирани 7.000 ковид позитивни пациенти. Во рамки на третманот и лекувањето на овие пациенти се извршени 17.600 биохемиски анализи и 21.100 крвни анализи на трансфузиологија (хемостаза со Д-Димери).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италијанците дозволија 100% капацитет во Палермо за баражот против Македонија

Следно

Стефковски и Христовски на терен: Се решава сообраќајниот хаос во Автокоманда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian