Македонскиот репрезентативец Зајков се враќа во Бугарија

1 min read

Пред да започне руската воена агресија, Ѓоко Зајков ја напушти Украина каде што тренираше во својот нов клуб Ворскла од Полтава.

Македонскиот репрезентативец инаку ја започна сезоната во редовите на бугарскиот клуб Левски Софија, запиша 14 настапи и еден гол во тамошното првенство. Во својата кариера беше дел уште од Шарлроа од Белгија, францускиот Рен и Работнички.

Денеска бугарските медиуми пренесуваат дека претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов го потврди доаѓањето на нашиот дефанзивец.

Воедно потврди дека Дарко Тасевски ќе ја продолжи фудбалската кариера и ќе остане во Славија.

– Го ангажиравме Ѓоко Зајков. Тој ќе игра во Славија како позајмица до крајот на сезоната. Дарко Тасевски ќе продолжи да игра фудбал. Останува во Славија затоа што ни е потребен – рече Стефанов за „gong.bg

Моментно во најсилниот бугарски шампионат Славија Софија е на петтата позиција со 33 бодови, 24 помалку зад водечкиот Лудогорец.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Татјана Алексиќ: Јас сум сештојад, а веќе 56 години јадам „за џабе“

Следно

Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери, најмногу во јавни институции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian