Канатларовски повика 23 фудбалери за мечевите со Србија и Фарски Острови

1 min read

Репрезентацијата на Македонија до 21 година месецов ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

На 24 март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17.00 часот, а на 29 март, на стадионот „Тодор Проески” – Скопје од 18.00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.

Селекторот Драги Канатларовски за овие дуели ќе смета на следните 23 фудбалери:

ГОЛМАНИ: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос);

ОДБРАНА: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);

СРЕДЕН РЕД: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Томче Гроздановски (Дугопоље, Словенија), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Бојан Димовски (Академија Пандев), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп, Турција);

НАПАД: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички);

Моментно во квалификациската група „Х“ после шест кола води Франција со 16 бодови, три повеќе од Украина, по шест имаат Македонија и Фарски Острови, пет Србија, а три Ерменија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вил Смит стави крај на гласините: Никогаш немало неверство во нашиот брак со Џејд

Следно

Пропадна обидот за доекипирање на Комисијата за избори и именувања: Власта ги стокми членовите, ама не обезбеди кворум

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian