ФОТО+ВИДЕО | Скриениот бисер во Грција: Овој остров е најфотогеничното место во светот

1 min read

Шпанското издание на најпознатото списание за патување „Conde Nast Traveler“ го прогласи грчкиот остров Сифнос за најфотогенична дестинација во светот и го смести меѓу десетте најубави места за фотографирање според нивните читатели.

Овој кикладски остров, кој е опкружен со бистрите води на Егејското Море, се издвојува со идиличните плажи, култниот замок и бројните цркви и манастири кои му даваат прекрасен шарм на островот.

Како што се истакнува во написот на „Conde Nast Traveler“, Сифнос нуди најдобра рамнотежа меѓу близината на природата и локацијата надвор од патеките, како и популарните места за ноќен живот, луксузни и високо оценети ресторани.

Втора дестинација на листата е Мароко, а потоа следуваат и Валенсија и Португалија и нејзините езера, Франција, Канарски острови, Мексико, Лондон и зелениот регион на Италија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голоб и Јанша водат на анкетите во Словенија за парламентарните избори во април

Следно

Италијанците дозволија 100% капацитет во Палермо за баражот против Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian