„Феникс-Кик“ со три медали на силниот таеквондо турнир „Шабац Опен“

1 min read

Изминатиот викенд македонскиот таеквондо клуб „Феникс-Кик“ учествуваше на силен меѓународен натпревар во таеквондо кој се одржа во Шабац, Србија.

На турнирот „Шабац Опен“ имаше 906 натпреварувачи (74 клубови од 14 земји).

Таеквондо клубот „Феникс Кик“ настапи со шест натпреварувачи и освои три бронзени медали.

Иво Сандев беше третопласиран во категоријата -68 кг (сениор), потоа Лука Ангелов во категоријата -59 кг (јуниор).

А со бронза се закити и Антонио Негријевски во категоријата -33 кг. (кадет).

На овој турнир настапија уште Дамјан Василевски, Давид Цеков и Стефан Димовски кои прикажаа одлични борби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Трагичната бајка во 8 чина: Сите бракови на убавицата со виолетови очи Елизабет Тејлор

Следно

Се бараат алтернативи за природен гас, доколку прекине испораката од Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian