Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

2 mins read

Брус Вилис е една од најголемите филмски ѕвезди. Изведбата во трите дела на „Умри машки“ заработи речиси милијарда долари профит ширум светот.

Instagram
Фото: Инстаграм

Брус Вилис во 1999 година, заедно со Стивен Спилберг и Џејмс Камерон, се најде на листата на 100 највлијателни луѓе во филмот што ја подготви англискиот месечник „Империја“. Меѓутоа, веќе извесно време здравјето на актерот предизвикува многу сомнежи.

Обожавателите почнале да се загрижуваат за својот идол кога тој почнал да глуми во нискобуџетни филмови.

Се појавиле информации дека актерот имал проблеми со памтењето на дијалогот, но првично како причина се споменувала мрзеливоста. Сега, за жал, се испоставило дека Брус Вилис се бори со сериозна болест.

Брус Вилис се бори со ран стадиум на деменција, покажуваат најновите информации за здравствената состојба на 66-годишниот актер. Режисерот Мет Ескандари, кој работеше со актерот на снимањето на филмови како „План за спас“ и „Преживеј до зората“, ја открил неговата вистинска состојба.

„Вистина е. Со него режирав четири филма, така што знам од прва рака. Тажно е да се види легенда како Брус како се распаѓа пред вашите очи. Видов како е да се работи со него во последните неколку години“, напишал режисерот во коментарот на Фејсбук под снимката за гласините за болеста на Вилис.

Фото: Профимедиа

Според пишувањата на медиумите, Брус Вилис сака да заработи што повеќе пари додека е во можност.

Поради таа цел, тој презема улоги во филмовите од Б-категорија. Според порталот ИМДБ, само во 2022 година ќе има најмалку 11 нискобуџетни продукции со Вилис во актерската екипа.

Да потсетиме, актерот во 2015 година излезе од филмот „Cream Social“ во режија на Вуди Ален , бидејќи имаше проблеми и на снимањето на „Стакло“ во 2019 година.

Инаку, Брус Вилис беше во брак со актерката Деми Мур со која има три ќерки, а со втората сопруга, манекенката Ема Хеминг има две ќерки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ усвои нов пакет санкции против Русија

Следно

Собранието ќе ја доекипира Комисијата за избори и именувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian