Амбасадорот Фрчковски во ОН заминува без посебни инструкции, ќе се залага за поголема видливост на земјата

2 mins read

Од април во испразнетото амбасадорско столче во ОН во Њујорк ќе седне универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски. Тој во разговор за Глас на Америка вели дека еден од неговите основни приоритети како амбасадор ќе биде заложба за поголема видливост на земјата и позитивните аспекти на нејзината надворешна политика.

„Како и голема способност за решавање на конфликти, еден модел или школа за решавање и преговарање во конфликт на идентитети и тоа да стане видливо и да може да се продаде во меѓународната организација како нејзин дух, кој го остварува една мала земја во еден невралгичен регион на Европа како што е Балканот. Тоа е основната работа. И, како второ, земја како нас, членка на НАТО и на пат кон ЕУ, гласа со групата на земји кон кои припаѓа. Тоа е ЕУ и САД“, вели Фрчковски.

Да се има амбасадор во така значајна меѓународна организација за мала држава е врвен приоритет, нешто што ќе овозможи проширување на кругот на стратешки партнери, вели Фрчковски.

„И потоа еден круг на земји, билатерално и стратешки партнери за нас е најважно за земјата. И, исто така можноста да создаде мрежа на пријатели, да ја промовира својата политика, која Македонија има што да пропагира. Не сме ние земја која треба да молчи и да гледа“, вели тој.

Идниот македонски амбасадор во ОН, беше назначен со указ на претседателот на државата Стево Пендаровски со кого веќе имал средба. Засега, вели не добил посебни инструкции во однос на неговото делување како амбасадор. Фрчковски очекува неговиот мандат да започне на почетокот на април.

Во однос на руско-украинскиот конфликт, Фрчковски вели дека руската агресија во Украина е кршење на повелбата на ОН, а шокот е од такви размери со што се разнишани темелите на европската и светска архитектура на мир.

Извор: Глас на Америка

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Крај и за Роналдо во ЛШ, Бенфика го слави Нунез

Следно

ВИДЕО: Срамни сцени на „Олд Трафорд“, навивачите го гаѓаа Симеоне додека трчаше кон тунелот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian