За една недела 18 санкции за непрописно вградени фолии

1 min read

 

Во периодот од 07.03.2022 до 13.03.2022  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 18 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, напоменуваат од МВР. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Томовски: Извлековме поуки од ЕП и созреваме како репрезентација, но тоа треба да се потврди на терен

Следно

Зеленски во среда ќе има обраќање во американскиот Конгрес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian