Во Бари уапсени албански државјани обвинети за меѓународен тероризам, едниот од нив вработен во општина Бари

1 min read

По наредба на Обвинителството во Бари, италјанската полиција уапсила четворица Албанци, под обвинение за дела од меѓународен тероризам.

-Полициската управа за спречување странски тероризам и Дирекцијата за антитероризам во Бари и Кунео истрагата околу акцијата под кодно име „Невидлив војник” ја започнале во април 2020 година. Според обвинението, четворицата уапсени Албанци биле организатори за собирање средства за меѓународен тероризам, пренесува Ора њуз повикувајќи се на италијанската полиција.

Додава дека тие биле главни иницијатори на кампања за собирање средства што ќе послужеле за помош на албанскиот самопрогласен имам во џамија во Тирана, Генц Бала, уапсен од албанските власти во април 2014 година.

Тој е обвинет за организирање терористичка ќелија која регрутирала борци на ИСИС од балканските земји и пропагирала џихадистичка доктрина во некои џамии на албанска територија а казната заврот во траење од 17 години ја издржува во затврот во Пеќин.

-Истрагите засновани на современи техники за следење на веб-комуникации ги идентификуваа четворицата уапсени Албанци како поддржувачи на џихадистичка пропаганда и дистрибуираа изјави и документи на албански јазик преведени од поранешниот лидер на Исламската држава Абу Бакир ал-Багдади и неговиот наследник Абу Ибрахим Ал Хашими Ал Куреши. Документите на албански јазик ги уредувал осудениот албански имам од заворската ќелија, потврдила италијанската полиција.

Упасените се Илјан Муча(31) Роланд Леши(37) Елсио Рамку(33) и Роланд Белба(37) кои со години живееле во Италија. Рамку, пред една година добил италијанско државјанство и бил вработен во техничката служба на општина Бари.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако Салах не потпише нов договор, Ливерпул на лето го купува најдобриот млад фудбалер во Бундеслигата

Следно

Оштетено и возило во еден од случаите на опожарени контејнери во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian