Мекдоналдс синоќа на полноќ ги затвори вратите на сите ресторани во Русија. Овој ланец за брза храна е исклучително популарен во Русија, каде што има околу 850 ресторани и вработува 62 000 луѓе.
Пијанистот Лука Сафронов Затравкин, син на познатиот руски сликар Никас Сафронов, отиде дотаму што реши да протестира против затворањето на Мекдоналдс, врзан со лисици за вратата на еден од рестораните во Москва.
„Затворањето е непријателски чин кон мене и моите сограѓани!“, постојано повторувал Затравкин пред ресторанот, сѐ додека не бил приведен од полицијата.
Иако рестораните нема да работат, од Мекдоналдс најавија дека ќе им исплаќаат плати на сите 62 000 вработени.
NEW: Russian citizen handcuffs himself to a McDonald’s restaurant. #Ukraine #Russia #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/gDohtKjVIN
— 🚩 Nessa (@IntelNessa) March 13, 2022
ФОТО+ВИДЕО | Русите полудеа по затворањето Мекдоналдс: Купуваат бургери онлајн за 300 евра