Фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 0:3 на гостувањето кај Мајорка во рамки на 28 коло од Ла Лига и направија голем исчекор во битката за титулата.
„Кралевите“ го искористија ремито на Севиља и со победата над Мајорка му избегаа на ривалот за титулата на цели десет бода на десет кола до крајот, Реал има 66 бода, додека Севиља има 56.
Творци на победата беа Карим Бензема и Винисиус Жуниор кои ги постигнаа трите гола во второто полувреме. Во првиот дел Мајорка беше поконкретна и во 36 минута Пабло Мафео ја погоди стативата
Во второто полувреме, „кралевите“ одиграа далеку подобро, а победата ја најави Винисиус Жуниор со голот во 55 минута по асистенцијата на Карим Бензема.
Токму Бензема во 77 минута од пенал зголеми на 0:2, а пет минути подоцна со својот втор гол на натпреварот го постави конечниот резултат.
Наредниот натпревар за Реал Мадрид ќе биде најголемото светско дерби, популарното Ел Класико со Барселона, а средбата ќе се игра в недела на „Сантијаго Бернабеу“, додека Мајорка му гостува на Еспањол.