ВИДЕО: Фудбалер во Тајланд полуде, брутално нокаутира противнички играч и експресно доби отказ

1 min read

Фудбалерот на тајландскиот тим Бангкок, Аитсарет Нојчајбон експресно доби отказ откако во стилот на ММА борец нокаутира противнички фудбалер за време на натпревар.

Неговиот тим губеше со 0:3 во момент кога Нојчајбон беше удрен по ногата одзади од противнички фудбалер кој потоа се повлече. Нојчајбон веднаш дојде до фудбалерот и со удар со лакот буквално го нокаутира кој потоа во болница „доби“ 20 шавови на лицето.

ФК Бангкок експресно по натпреварот му врачи отказ на Нојчајбон.

„Не поддржуваме никакво насилство и веднаш го раскинавме договорот со нашиот фудбалер. Ќе сториме се за вакви инциденти да нема во иднина“, објави ФК Бангкок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Емилија Ем Мишева, дизајнерка и уметница

Следно

„Слободен печат“ | Борел: Нема датум, има добра волја за брзи преговори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian