Украинските претставници на Евровизија се придружија во помошта: Ја бранат својата земја

2 mins read

Да се биде на врвот на топ листата на песните на Евровизија е сон на многу меѓународни изведувачи и музичари, но на украинскиот бенд Калуш Оркестра, овој сјај на пејачкиот натпревар се чини навистина далечен.

На западниот дел од Украина, веќе се активираше фронтменот Олех Псиук, кој наместо да вежба на сцена, доброволно им се приклучи на групата од 20 членови кои ги обезбедуваат со лекови и помош на луѓето кои побегнаа од војната. Еден од членовите на бендот служи во територијалната одбранбена единица. Иако на листите, овој бенд ужива популарност и е на врвот на листата, сепак реалноста е далеку пострашна. Во понеделникот, страницата Oddschecker,  ја вметна групата како „цврст победник на овогодишната Евровизија“,  но Псиук не е подготвен за славење.

„Не можам да уживам додека сум загрижен за своите најсакани. Војната не раздели мене и мојата девојка. Таа е на 300 километри од мене.  Не можеме да се гледаме затоа што е многу опасно. Седи во бункерот додека сум јас тука и сирените за воздушна узбуна се постојано активни“ – изјави тој за Ројтерс.

Тој додаде дека неговата девојка е активна во учеството против руската инвазија, а прави молотови коктели. Членовите на бендот мораат да вежбаат одвоено, а ќе се соберат наскоро во Лвов, да ја пробаат и извежбаат својата песна „Stefania“, за која Псиук вели дека е буквално химна на Украинците во текот на војната.

„Без оглед на околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе пробаме да бидеме корисни за Украина. Дури и ако војната заврши во блиска иднина, нема да биде лесно да направиме и изградиме се одново. Земјата е во урнатини“ – констатира тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Беџет Пацоли: Новинарот убиен во Украина беше пријател на ОВК

Следно

Ако Салах бара 400.000 фунти неделно, Ливерпул треба да му ја исполни желбата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian