Том Брејди се пишмани, ја прекина пензијата која му траеше само 40 дена

1 min read

Легендарниот квотербек Том Брејди  ја прекина пензијата и одлучи следната сезона повторно да настапува во НФЛ лигата. Брејди потврди дека во следната сезона ќе го носи дресот на Тампа Беј баканирс.

– Во последните два месеци сфатив дека моето место и понатаму е на теренот, а не на трибините. Ќе дојде и тоа време, но не сега. Ги сакам соиграчите како и семејството кое ме поддржува. Без нив, ништо немаше да биде можно. Имаме недовршена работа, се враќам за својата 23 сезона во Тампа – напиша Брејди на социјалните мрежи со што потврди дека се враќа од пензија.

Брејди на 1 февруари и официјално потврди дека заминува во пензија по 22 сезони поминати во НФЛ лигата во кои освои седум титули.

Првите 20 сезони од кариерата ги помина во Њу Ингланд петриотс со кого освои шест шампионски титули, додека последните две години го носеше дресот на Тампа Беј и освои една титула.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГАЛЕРИЈА | Доделени филмските награди BAFTA: „The Power of Dog“ е најдобар филм на годината

Следно

ВИДЕО | Филков: Корумпираните едвај чекаат кризни ситуации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian