„Суштинска дискусија“ на високи американски и кинески претставници за руската инвазија на Украина

1 min read

Високи американски и кинески претставници денеска се вклучија во „суштинска дискусија“ за руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа по разговорите одржани во Рим меѓу двете суперсили.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан и Јанг Џиечи, главен дипломат на кинеската Комунистичка партија, не им се обратија на новинарите по нивната средба во хотел, јавија американските медиуми.

Белата куќа соопшти дека двајцата официјални лица, исто така, „ја истакнале важноста од одржување на отворени линии на комуникација меѓу САД и Кина“.

kurir.mk

Претходно

Секој си тера правда на свој начин

Следно

ВИДЕО: Колони на бензинските пумпи во Хрватска, се очекува големо поскапување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian