„Слободен печат“ | Борел: Нема датум, има добра волја за брзи преговори

3 mins read

Во најновиот број на весникот „Слободен печат“ читајте:

Свет

Нов повик до западните партнери – Украина бара оружје за да спречи нова светска војна

– Доставете ни го сето неопходно оружје. Воведете уште повеќе санкции за Русија и изолирајте ја целосно. Помогнете ѝ на Украина да го притисне Путин во неуспех и така ќе избегнете уште поголема војна, изјави шефот на украинската дипломатија.

Хроника

Еврокомесарот Жозеп Борел во Скопје – Нема датум, има добра волја за брзи преговори

– Македонија треба итно да ги почне преговорите за членство во ЕУ, но прво мора да ги реши билатералните брашања со Бугарија, затоа што ниту еден преговарачки процес со Унијата не смее да биде загрозен од билатерални проблеми, порача вчера високиот претставник на ЕУ

– Помеѓу резервите и оптимизмот – Отворен Балкан или затворено поглавје?

– Отворен Балкан е идеја на која можат да се приклучат оние држави кои мислат дека тоа е во нивна корист. Тоа е идеја која не се наметнува туку доброволно се прифаќа – изјави Али Ахмети во Валона.

– Почна судењето за случајот „Софтвери“ – Рашковски уверен дека Рускоска нема докази

– Многу е тешко да најдете црна мачка во црна просторија. Уште потешко е да ја најдете ако ја нема. Во тек на ова судењето ќе докажеме дека црна мачка не постои – рече Рашковски.

Скопје

– Општините во обид да обезбедат дополнителни место за паркирање – Хаварисаните возила зафаќаат илјадници слободни паркинг места во Скопје

Само на територија на Општина Кисела Вода по реализацијата на проектот за отстранување на автомобили кои не се во возна состојба а се паркирани на некоја од јавните површини, ќе се ослободат од 200 до 300 паркинг места

– Јавниот градски превозник се соочува со многу проблеми – ЈСП во потрага по возачи на автобуси

– Дефицитот на возачи е еден од проблемите со кој се соочува јавниот градски превозник, покрај веќе застарениот возен парк, милионските обврски кон доверителите и зголемените цени на горивата.

Спорт

Фудбал – Лига на шампионите – Ќе приреди ли Роналдо уште едно гол-шоу?

– Манчестер јунајтед вечерва оптимистички влегува во реванш средбата од осминафиналето против Атлетико Мадрид, по импресивната победа над Тотенхем во домашното првенство на која Португалецот постигна хет-трик. Во вториот дуел вечерва Ајакс ја пречекува Бенфика

Ракомет – Бараж, СП 2023 – Лазаров: Ќе има изненадувања со Романија

– Селекторот очекува на претстојната средба во Скопје в четврток, неговиот колега од клупата на гостите Чави Пасквал да сервира неколку изненадувања

Забава

БАФТА – „Моќта на кучето“ најдобар филм, Вил Смит најдобар актер

Здравје

– Доктор Илија Караманов, стоматолог – Што е темпоромандибуларна дисфункција?

Мозаик

– Талентиран и ненаметлив – Почина оскаровецот Вилијам Харт

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Фудбалер во Тајланд полуде, брутално нокаутира противнички играч и експресно доби отказ

Следно

Борба за Влае: Сакаме зелени површини и игралишта, а не нови згради

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian