Што прави денеска: Емилија Ем Мишева, дизајнерка и уметница

3 mins read

Емилија Ем Мишева е една од оние „будни“ сонувачи, чија креативност се преточува во реалноста низ уметничкиот израз, илустрација, цртеж. Таа е мајка на Вивиен, другарка на градот и креаторка на муралот со Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски, кој го краси нејзиното родно Богданци, Ем ни сподели како почнува и завршува еден нејзин ден…

„Го сакам утрото, кога денот го тресе сонот од трепките. Пред да отвори денот, пред да се разбуди светот, кога е најтивко, мислите најчисти – тогаш сум нај Јас. Си ги сакам утринските ритуали. Ги сакам тие убави мали ритуали, кафето во малото винтиџ филџанче, Вивиен стуткана во белото ќебенце налик на облаче. Се топам во тој бескраен утрински мир што мириса на надеж, почеток, себељубов. Бидејки е мигновен.

Емилија Ем Мишева/Приватна архива
Емилија Ем Мишева/Приватна архива

Штом се разбуди Вивиен, сè се убрзува. “Ајде Вив, измиј заби, облечи се, пробиотикот… Облекувај патики! Маска имаш?” 7:50 излегуваме од дома. Училиштето ни е преку улица (blessed for that). Гушкање пред вратата на училиштето, си посакуваме убав ден, па тргнувам накај работа (другата дома). Секогаш пешачам и секогаш по сокачињa. Избегнувам булевари. Слушалки на уво, Black Endlessness / Delta Functionen – басот го фаќам со чекорот. Улиците – подиум 🙂

Од неодамна си се вратив во мојата матична агенција – Epp communication. Си се вратив дома. Тим од кој соништата се направени… Смеење, работа, кафе, After Effects, доручек, Photoshop, музики, Illustrator – оп дошло време да ја земам Вивиен од училиште. Излегувам од работа,  ѝ секогаш и се јавувам на мајка ми, да ми прави друштво по пат 🙂 Во 15:05, Вивиен излегува од училиште, купуваме сладолед, одиме дома. Денес е понеделник, ден за вежбање. Пак малку брзање, се спремам за на тренинг, јас ја земам торбата, Вивиен точакот. Таа вози, јас потрчнувам 🙂 Fierce Fitness, кик фит, боксерска вреќа, бандажери – тренинг Огин , хаха!

Емилија Ем Мишева/Приватна архива
Емилија Ем Мишева/Приватна архива

Вивиен трча низ сала, малку црта, малку youtube. Мајка ѝ се челичи 🙂

Веќе гладни и уморни, брзаме накај дома. Добро се јаде после тренинг. Ама прво туш. После оброк си имаме слободно време – секој си прави што сака. Јас серија, Вивиен Покемон. Игра видео игри само преку викенд (не ме сака сега за ова, но можеби некогаш ќе ми биде благодарна. Можеби и не, ама не е важно 🙂 Слободното време е секогаш прекинувано со гушкање. – “Мама, гушка?”. Секогаш. Дошло време за вечера. Па средување кујна, можеби уште едно мало кафе за мене (колку за побрзо да сонувам). Во 22 часот се одјавува денот. “Мама, ќе ми читаш?”. Секоја вечер се чита. Во моментот го дочитуваме Хари Потер, првиот дел. Вивиен се стопува во креветот, со мислите на Хогвардс, летање, магии, чуда. Јас правам уште една проверка – врата (сите клучалки заклучени), светло. Ја бакнувам уште еднаш, го извлекувам креветот од под нејзиниот. Потонувам.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повторно дојава за бомба во авион на Ер Србија на релација Белград-Москва

Следно

ВИДЕО: Фудбалер во Тајланд полуде, брутално нокаутира противнички играч и експресно доби отказ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian