Шест Украинки ќе се борат за медали во Белград на СП во атлетика во сала

1 min read

Јарослава Махучик (20) планира да ја освои својата прва светска титула во скок во височина

Украина ќе испрати тим од шест натпреварувачки на Светското првенство во атлетика во сала, што треба да започне во Белград в петок, а ќе трае до недела. На ова СП нема да учествуваат атлетичари од Русија и од Белорусија поради забраната за учество на спортисти од овие земји на меѓународни натпревари.

Оваа забрана и отворa пат на Украинката Јарослава Махучик (20) да ја освои својата прва светска титула во скок во височина. Таа веќе има бронза од ЛОИ и сребро од СП, како и европска титула. Таа е трета на вечната листа со скок од 2,06 метри, a во Белград нема да се натскокува со Русинката Марија Ласитскене, која планираше да ја брани својата светска титула во сала. Но Ласитскене ќе ја нема во Белград и тоа ја прави Махучик голема фаворитка за златото.

Друга силна фаворитка за медал од украинскиот контингент ќе биде европската шампионка во скок во далечина во сала, Марина Бек-Романчук, која има светски и европски сребрени медали. Таа изгледа ќе биде најсилната конкурентка за златото на домашната миленичка и бранителка на титулата, Ивана Вулета (Шпановиќ).

Останатите членки на Украина се сребрената медалистка во скок во височина во сала, Ирина Герашченко, 11-кратната украинска шампионка во дисциплината 60 метри со пречки, Ана Плотицина, олимписката скокачка со стап Јана Хладијчук и петобојката Јулија Лобан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои се најмудрите жени во Зодијакот?

Следно

Дигиталниот јаз меѓу мажите и жените се продлабочува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian