Познат терминот кога Вардар ќе го пречека Веспрем во осминафиналето во ЛШ

1 min read

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги одреди термините на одигрување на натпреварите во осминафиналето во Лигата на шампионите во кое ќе игра и македонскиот шампион Вардар.

„Црвено-црните“ за противник во осминафиналето го добија унгарски Веспрем и првиот натпревар ќе се игра на 31 март од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Реваншот ќе се игра во Унгарија на 6 април од 18.45 часот, а победникот од овој двомеч во четвртфиналето го очекуваат дуели со актуелниот европски шампион Алборг.

Вардарци информираат дека од утре почнува продажбата на влезници за дуелот со Веспрем. Предност во продажбата ќе имаат сопствениците на сезонски билети кои поседуваат доказ дека имаат купено билет. Секој што има сезонски билет, со покажување на истиот има можност да го купи истото место во салата.

Цената на билетите останува иста како и за натпреварите групната фаза, а стите ќе можат да се купат во  некое од продажните места на Купи Карти за Се.
Продажбата на овие билети ќе трае до 25 март, по што ќе почне продажба на поединечни билети за истиот натпревар.

Вториот македонски претставник во европските купови, Еурофарм Пелистер од претходно го знаеше противникот во осминафиналето во Лигата на Европа, Нексе, а денеска ги дозна саатниците. Првиот натпревар ќе се игра на 29 март во Хрватска од 18.45 часот, додека реваншот е закажан за 5. април од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како да ѝ помогнете на блиска личност која се соочува со ментална болест

Следно

ВИДЕО: Штипскиот градоначалник Јорданов „влезе во филм“, бркаше дрвокрадци по планина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian