Научниците осмислија: Брз и лесен тест за откривање на рак на панкреасот

3 mins read

На милиони луѓе секоја година им се дијагностицира рак на панкреасот, а знаците на болеста може да биде тешко да се забележат. Меѓутоа, научниците открија брз и лесен тест кој може да го открие дури и најсмртоносниот рак.

Научниците сега тврдат дека примерокот од столицата може да открие рак на панкреасот, што дополнително би довело до брзо лекување, ако ракот е во почетна фаза. Главните симптоми на ракот на панкреасот се болки во грбот, лошото варење, промени во навиките на цревата и болки во стомакот.

Меѓутоа, симптомите не се појавуваат секогаш на почетокот на болеста и може да станат видливи дури во подоцнежната фаза на ракот. Приближно еден од 20 луѓе со најчестиот облик на рак на панкреасот – дуктален аденокарцином – ќе преживее пет или повеќе години.

Експертите испитувале примероци од столицата од 136 пациенти од две болници во Мадрид и Барселона, а од 136 пациенти, 25 имале рак во рана фаза и 32 напреднат карцином, со 29 пациенти со хроничен панкреатитис, каде што панкреасот трајно бил оштетен од воспалението.

Тие сугерирале дека промените кои може да се откријат, а кои вклучуваат цревни бубачки може да бидат предупредувачки знак дека туморот е присутен.

Пишувајќи во списанието „Гат“, експертите велат дека собрале примероци од плунка и столица од две групи пациенти. Едната група имала дуктален аденокарцином на панкреасот, додека другата била избрана како пациент за споредување. И додека плунката не покажала присуство на ракот, изненадувачки е што примероците од столицата покажале разлика во образецот на цревните бактерии, габи и други микроби. Тие додале дека примероците може да бидат релевантни и надвор од нивната употреба за дијагноза.

Врз основа на примероците, експертите успеале да идентификуваат пациенти кои имале рак на панкреасот. Успеале да откријат рак во која било фаза. Примероците на столицата за откривање на рак на панкреасот се тестираат и во Јапонија, а истражувачите во Германија исто така ја потврдиле шпанската работа.

Д-р Крис Мекдоналд, раководител на истражување за рак на панкреас во Британија, рекол дека има потенцијал во оваа област на истражување.

„Постои итна потреба од нови, попрецизни биомаркери за откривање на ракот на панкреасот и од витално значење е да не оставаме вакво нешто на половина. Го познаваме микробиомот – збирка габи, бактерии и вируси кои живеат во нашите тела или во нашата кожа – и неговата интеракција со нашиот имунолошки систем е составен дел од нашето здравје. Болките во грбот, пречките во варењето, губењето на тежината се вообичаени симптоми на рак на панкреасот, но и многу помали сериозни здравствени состојби и затоа е од големо значење овој рак да се открие навреме“, вели д-р Мекдоналд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маск: „Тесла” и „Спејс-Икс“ под силен инфлациски притисок

Следно

ВИДЕО | Анализа: Дали Груевски иднината си ја гледа во Русија? До каде продре руската пропаганда?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian