Мицотакис позитивен на ковид

1 min read

Преку видео на официјалниот Инстаграм профил, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на ковид-19 по рутинското тестирање со рапид тест направен утрово во неговиот кабинет, пренесуваат грчките медиуми.

-Во последниот период сите се занимаваме со војната во Украина и со поскапувањата на цените, но коронавирусот е сè уште тука. При дневниот тест што го направив утрово во мојата канцеларија, позитивен сум, па ќе се изолирам дома и ќе работам од таму. Сакам да не заборавите дека тројната вакцинација дава најдобра можна заштита од сериозно заболување, рече Мицотакис во видеото на Инстаграм, додавајќи дека е сигурен дека сè ќе биде во ред и набргу ќе се врати во неговиот кабинет

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мелниченко: Војната во Украина мора да запре, ќе има глобален недостиг на храна

Следно

ВИДЕО | Русин не го дава Мекдоналдс: Не смеете да го затворите, ова е непријателски чин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian