Мелниченко: Војната во Украина мора да запре, ќе има глобален недостиг на храна

2 mins read

Војната во Украина е трагедија што мора да се запре, во спротивно, ќе настане глобална криза за храна, бидејќи цените на ѓубривата се веќе превисоки за многу земјоделци, изјави рускиот крал на јаглен и ѓубрива Андреј Мелниченко.

Неколкумина богати, руски бизнисмени веќе јавно повикаа на мир, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари, вклучувајќи ги и Мајкл Фридман, Пјотр Авен и Олег Дерипаска.

Во обид да го натера Путин да ја запре инвазијата, Западот го замрзна рускиот државен имот, отсече најголем дел од рускиот корпоративен сектор од глобалната економија и санкционираше руски бизнисмени, меѓу кои се и санкции од Европската унија за Мелниченко .

-Случувањата во Украина навистина се трагични. Итно ни е потребен мир, изјави за Ројтерс, 50-годишниот Мелниченко, Русин роден во Белорусија, чија мајка е Украинка, пренесува Хина.

Неговата изјава, електронски е испратена од страна на неговиот портпарол. „Како Русин по националност, Белорусин според раѓање, Украинец по крв, чувствувам голема болка и неверување, сведочејќи како братскиот народ се бори и умира“, пишува во изјавата.

-Една од жртвите на оваа криза ќе биде земјоделството и храната, тврди Мелниченко, основач на Уралхем, најголемиот руски производител на амониум нитрат, со седиште во Цуг, Швајцарија, и СУЕК, најголемиот руски производител на јаглен. – Тоа веќе доведе до скок на цените на ѓубривата, па веќе не се достапни за земјоделците“ истакна Мелниченко.

Според него, синџирот на снабдување, што Ковид-19 веќе го наруши, сега е уште повеќе погоден.

„Тоа сега ќе предизвика уште поголема инфлација на храна во Европа и веројатно, ќе има недостиг на храна во најсиромашните земји во светот“, појасни тој.

Минатата недела, лоша прогноза даде и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации. Според организацијата, доколку дојде до големи намалувања во извозот на жито од Украина и од Русија и цените пораснат, бројот на неухранети луѓе ширум светот ќе порасне за осум милиони и до 2023 година ќе изнесува 13 милиони, во случај конфликтот во Украина да потрае со месеци.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Домашна инвестиција на “Еликсир Дистрибуција” во општина Кисела Вода

Следно

Мицотакис позитивен на ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian