Ленин го брани Путин: Тој не е воен злосторник, само помага

1 min read

„Путин не е воен злосторник, нема основа да се прогласи за такво нешто. Тој долги години е повикуван од својот народ да помогне во решавање на проблемот во Донбас“, рече вечерва Ленин Јовановски, еден од коосновачите на мото-клубот „Ноќни волци“, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Според Јовановски, кој всушност ја застапува аргументацијата на официјална Москва во врска со проблемот со Украина, од 2014 година во Донбас има „невиден терор“, особено од, како што вели, „нацистичките баталјони на Азов и Десен сектор“.

-Осум години има страшни работи таму. Никој не го осуди очигледниот фашизам. Според ОН, досега загинале над 3.000 лица во Донбас, а неофицијално тој број е десетпати повеќе. Путин со воената операција само беше испровициран за тоа што се случува таму, појасни Јовановски.

На прашањето дали сѐ уште е во контакт со рускиот претседател, Јовановски рече:

-Сум имал јавни средби со Путин, кои беа проследени од светските медиуми и тоа е доволно што треба да се знае.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хамилтон ќе го менува презимето

Следно

Одбиена жалбата на Асанж против екстрадицијата во САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian