Лазаров: Добро ќе се подготвиме за Романците и за „изненадувањата“ на Чави Паксвал

3 mins read

Ракометната репрезентација на Македонија со денешниот тренинг и официјално ги започна подготовките за претстојниот бараж натпревар против Романија за пласман на Светското првенство што идната година ќе се игра во Шведска и во Полска.

Поради освоеното 22 место на Европското првенство што се играше во јануари, ракометарите по потешкиот пат ќе мора да се изборат за пласман на СП, играјќи два баражи.
Првиот предизвик е селекцијата на Романија, а натпреварите треба да се играат на 17. и на 19. март.

Селекторот Кирил Лазаров во претстојните два натпревари ќе мора да се надмудрува со неговиот тренер од времето кога настапуваше во Барселона, Чави Пасквал.

– Уште по пласманот на Европското првенство знаевме дека ќе треба да играме бараж за пласман на СП, тоа го имав во глава уште по поставувањето за селектор. Пасквал ми е добро познат тренер, 12 години беше во Барселона. Да опстанеш 12 години во една таква институција значи дека си еден од најдобрите тренери на светот. Сигурно дека Романците ќе добијат и веќе добија многу со него и тоа на сериозност, на квалитет, на стратегија во клупскиот и во репрезентативниот ракомет. Што се однесува до нас, имаме доста промени во однос на тој натпревар. Имаме доста новитети, нови играчи што не беа дел од тој бараж. Еден противник кој е доста сериозен, кој што никако не смееме да го потцениме, напротив треба да го гледаме со респект, бидејќи познавајќи го Чави сигурно ќе подготви некое изненадување. Ние веќе почнавме, направивме една сеанса, анализираме и сигурен сум дека добро ќе се подготвиме за тие бараж натпревари – вели Лазаров.

Репрезентацијата ќе се комплетира вечерва со доаѓањето на Никола Митревски, а денешните тренинзи ќе ги пропуштат и Жарко Пешевски и Филип Миркуловски. Лазаров за натпреварите со Романија нема да може да смета на повредените Манасков, Велковски и Мишевски.

– Ние не треба да се оптоваруваме со Романија. Почнавме една работа која треба да ја продолжиме и да ја надградиме. Има работи со кои сум задоволен,но има работи кои треба да ги поправиме. Колку и да си добар секогаш има простор за натпреварување. Важно е дека сме на добар пат и сигурен сум дека ќе се подготвиме добро и дека ќе има една добра претстава – вели Лазаров.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Русин не го дава Мекдоналдс: Не смеете да го затворите, ова е непријателски чин

Следно

Борел: Ова е момент на будење за Европа, да почнат формалните преговори со РС Македонија и Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian