Кои хороскопски знаци ќе ја сретнат својата сродна душа во наредните месеци?

4 mins read
Кон крајот на јануари Венера излезе од ретроградното движење и тргна во директен од, отварајќи пат на сите нешта поврзани со љубов, романтика, партнерство, врски и семејство. Оние што се во долги врски, можат да се одлучат за важен чекор и да стапат во брак. Тие со нови врски и романтични односи на повидок, ќе можат полека и складно да ја градат својата љубов, додека пак семејните односи ќе бидат поволни за развој на нови заеднички интереси.

Вага, Водолија, Близнаци – воздушните знаци ќе треба да вклучат посериозен пристап во љубовта и односите. Лесните „ветрови“ што ве водат кога станува збор за флерт или ураган страст, ќе ви бидат само отежнување, така што подобро размислете, анализирајте и пресметајте што е најдобро за вас, за до крајот на годината да не останете со скршено срце и сметка од аптека со апчиња за смирување.

Риби, Ракови, Скорпии – ќе доживеете вистински процут во љубовните односи. Време е да ја затворите вратата на старите врски и нерешените односи. Пробајте си ја среќата во нов социјален круг, наоружани со вашиот шарм. Ве очекуваат пријатни познанства.

Лав, Овен, Стрелец – вашето време е од април до септември. Кога на другите знаци од зодијакот ќе им почнат летните одмори, вие ќе заблескате.

Девица, Јарец, Бик – помалку калкулирајте, повеќе опуштете се и уживајте.

Сепак, три знаци оваа пролет ќе имаат навистина добри аспекти за љубовни искри.

Рак

Оние кои долго трагаа, ќе ја дочекаат својата судбина оваа пролет. Новите љубовни врски се со силен интензитет и можност за развој. Раковите кои едвај чекаат патување – нека се спакуваат и нека тргнат. Таму каде има природа и вода, има и емотивно поврзување. Одете сами, но и со потенцијалниот партнер – ќе се случат чуда.

Раковите кои се во сериозни врски, ќе имаат тековни проблеми, но доколку сакате да ги надминете, направете заедничка вечера со семејни пријатели кои ви годат. Компромисот и промената на енергијата ќе ви помогнат да ги согледате работите на поинаков начин.

Девица

Пролетта е најдобро време за Девиците. Им се „врти“ во глава од љубов, романса и нови средби. Многу Девици ќе имаат и отворени опции за проширување на семејството од април.

Освен тоа, за Девиците најдобра област во која можат да склопат нови познанства се природата и спортските активности. Во март и април имате шанса да го запознаете човекот на вашиот живот, и уште во мај да планирате заеднички излет. Утринското џогирање во парк или јогата за викенд не се само здраво тело- здрав дух. Тие се активности кои ви носат и луѓе во животот.

Скорпија

Скорпиите на пролет најмногу можат да се промовираат како луѓе кои сакаат социјални настани и да го развијат својот личен живот. Вниманието од спротивниот пол ќе им биде гарантирано, само доколку расчистат со претходната врска. Нема потреба да одите по стариот пат, одново. Секое место каде што имате шанса за адреналин, може да ви биде место за љубов. Екстремноста и желбата за возбуда, ве прават интересни и го разбудуваат оганот во вас. Посветете се на таа страна од себеси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен изрази загриженост и поддршка по падот на дронот во Загреб, откри Пленковиќ

Следно

ВИДЕО: Реал Мадрид сигурно чекори кон титулата во Ла Лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian