Дрон, најверојатно од руско потекло синоќа е пронајден на ливада во романската општина Думитра, на околу 100 километри јужно од украинската граница.
Локалната полиција покренала истрага откако еден жител пријавил дека на ливада покрај неговата куќа слетало непознато летало.
Властите во Романија не сакале да го коментираат потеклото на леталото, но судејќи според фотографиите се работи за руско летало Орлан-10 наменето за извидница и означување цели.