Две млади лица фатени како крадат градежни материјали

1 min read

На 13.03.2022 од страна на Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров и Полициското одделение Сарај биле лишени од слобода Ј.И.(20) и Ф.И.(23), двајцата од с.Глумово, скопско, известува МВР.

Во 14.10 часот тие биле затекнати при извршување на две кривични дела тешки кражби од градежни машини, сопственост на две правни лица кои изведуваат градежни работи во атарот на с.Горна Матка. Тие биле приведени и со нив бил извршен службен разговор, а украденото е одземено од нив и ќе биде вратено на оштетените.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Филков: Корумпираните едвај чекаат кризни ситуации

Следно

Зеленски: Ги продолжуваме преговорите со Русија, чекам средба со Путин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian