Дигиталниот јаз меѓу мажите и жените се продлабочува

2 mins read

„Од марш за работнички права до дигитална економија“ e насловот на конференцијата во организација на Центарот за управување со  промени.

– Во време на дигитална ера и потенцијлен развој на дигитална економија,
дигиталниот јаз меѓу мажите и жените се повеќе ќе се зголемува. Оваа конференција е повик за будење во корист на активните политики за родова еднаквост и креирање на овозможуачка околина која ќе отвори нови можности за економски развој и зајакнување на жените во Република Северна Македонија во оваа сфера“ потенцираше Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП).

Според неа главниот предизвик во иднина ќе биде прашањето како да се искористат можностите што ги дава дигиталната револуција и, од друга страна да се минимизираат ризиците жените да заостанат во овој процес.

– Оттука, мора да работиме на структурни промени и да креираме јавни политики и стратегии кои ќе овозможат поголема еднаквост и еднакви можности на мажите и жените во дигиталната сфера – додаде Малеска Сачмароска.

Настанот беше под покровителство на сопругата на претседателот на Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска која им се обрати на присутните. По неа говореа и поддржувачите на настанот Ерик Јановски, претставник на канцеларијата на УСАИД во земјава.

На конференцијата се обратија моќни жени од различни институции, компании и здруженија од земјава. Целта на настанот беше да се влијае на зајакнување на женското претприемништво преку дискусија за постоечките мерки за поддршка на женското претприемништво и потребата за владина поддршка преку креирање на сет мерки за зајакнување економската улога на жената и дигиталната трансформација на женските бизниси.

Конференцијата беше дел од проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шест Украинки ќе се борат за медали во Белград на СП во атлетика во сала

Следно

Во двор во Ѓорче се степале членови на исто семејство, поради имотен спор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian