Живееше во феникискиот град Илиопол, во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Со развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла, пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи. Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков ужас што остана будна до изутрина. А штом се зазори, таа испрати слуги да го замолат тој монах да дојде кај неа. Герман дојде и меѓу нив започна долг разговор за она што старецот го читаше минатата ноќ и воопшто за верата и спасението. Како плод на тој разговор, Евдокија го замоли месниот епископ да ја крсти. По Крштението, сиот свој имот ѝ го предаде на Црквата, за да им се раздаде на сиромасите, ги отпушти своите слуги и робови, а самата се повлече во еден женски манастир. И толку одлучно се посвети на монашкиот живот во послушание, трпение, бдеење, молитва и пост, што после тринаесет месеци ја избраа за игуманија. Во манастирот проживеа педесет и шест години и се удостои Бог да ѝ даде толкава благодат што и мртви воскреснуваше. Кога извесен кнез Викентиј покрена гонење на христијаните, ја убија и светата Евдокија со меч. Таа е прекрасен пример како еден сад на нечистотијата може да се очисти и да се освети, да се исполни со скапоцен небесен мирис, со благодатта на Светиот Дух.
Latest from Blog
Сè што не е од интерес за граѓаните, ние ќе го блокираме во Парламентот, како прв
Биткоинот и другите криптовалути сè уште не се опоравија од неодамнешниот пад и единствената земја во
Атлетико Мадрид во рамките од претпоследното 37 коло од најсилното шпанско првенство ремизираше на домашен терен
Некои луѓе едноставно сакаат да го живеат животот најдобро што можат. Никогаш не се плашат да
Вечерва Интер во претпоследното 37 коло мораше да оди на победа против Каљари за да остане