„Челски“ станува „Ал Челси“, првата понуда за купување на Челси е тешка 3 милијарди евра

2 mins read

Конзорциум од Саудиска Арабија денеска доставил понуда тешка 2.7 милијарди фунти (3 милијарди евра) за купување на актуелниот европски шампион Челси, објавија англиските медиуми.

Понудата ја достави конзорциумот „Сауди Медиа“ на чие чело е Мохамед Алкхереиџи и кој за купувањето на англискиот тим ја има поддршката од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Актелниот сопственик на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович е принуден да го продаде клубот бидејќи владата на Обединетото Кралство му ги замрзна имотот и сметките поради неговите врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Владата му дозволи на Абрамович да го продолжи процесот на продажба на Челси под еден услов, да се откаже од кредитот што му го даде на клубот во висина од 1.5 милијарди евра, на што Русинот се согласи.

Освен „Сауди Медиа“, сериозен интерес за купување на Челси има и од сопственикот на НФЛ тимот Њујорк џетс, Вуди Џонсон, од американско-швајцарскиот конзорциум предводен од Тод Боли и Хансјорг Вис, од англискиот милијардер и навивач Челси, Ник Кенди, од турскиот милијардер Мухсин Бајрак, и од малцинскиот сопственик на акциите на Кристал Палас, Џош Харис.

Навивачите на Челси реагираа на денешната понуда на „Сауди Медиа“ и на социјалните мрежи тераа мајтап дека нема да имаат проблем нивниот клуб да го прекрстат од „Челски“ во „Ал Челси“ доколку добијат сопственици од Саудиска Арабија.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Рита Ора се „прошета“ без гаќи на црвениот килим: Ѝ порачаа да си го „собере“ стомакот!

Следно

Секој си тера правда на свој начин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian