Борба за Влае: Сакаме зелени површини и игралишта, а не нови згради

2 mins read

Со одземањето на постоечко зеленило покрај Вардар за изградба на градинка и паркинг, во паркот Делфина за изградба на црква и пред Порта Влае за паркинзи на нивоа, се поставува прашањето – дали ќе остане парче зелен простор во Влае 2, се прашуваат жителите на Влае 2, по одржаната јавна презентација на ДУП за градска четврт С319 (Влае 2).

Од иницијативата Борба за Влае велат дека Губењето на зеленило можеби е оправдано за добивање детска градинка, но во никој случај не е оправдано да им се доделува на инвеститори за приватни интереси. „Со порастот на бројот на жители во Влае 2 до 24 илјади, како што се планирани со овој ДУП, јавни простори ќе ни бидат уште попотребни, а тие се намалуваат“, велат од Борба за Влае.

По одржаната јавна презентација сѐ повеќе жители на населбата реагираат на спорниот план и пројавија интерес за поднесување забелешки преку анкетни листови. Најспорни локации во планот се површини кои се моментално државно земјиште, а треба да бидат пренаменети во објекти за приватен интерес.

Првата локација е парцелата спроти Кам Маркет која жителите со години очекуваат да се уреди како сквер/маалски парк, а во овој предлог ДУП е испланирана како станбена зграда. Поради тоа, иницијативата Борба за Влае бара Општината Карпош да го пренамени во Д1-парковско зеленило, а не А2-домување во станбени згради како што сега планира.

Другата спорна локација е самото искривување на улицата „Есперанто“ и дел од паркот Делфина. Со презентираниот предлог ДУП планирано е улицата Есперанто да добие права линија (зад Кино Влае, каде има повеќедецениски дрвја). Локацијата на Кино Влае (објектите и земјиштето) се веќе приватизирани и инвеститорот поседува околу 2.800 м2 земјиште. Меѓутоа, како тоа да не му е доволно, планерската куќа и општината му доделуваат во негова парцела дополнителни 1.600 м2 од моменталната улица Есперанто и од зеленилото, кои тој, ако овој ДУП се усвои, ќе може да си ги докупи, како во случајот кај Холидеј ин. Борба за Влае бара проширување на паркот Делфина, а објектот на приватниот инвеститор да се планира согласно можностите на просторот.

skopjeinfo.mk

Претходно

„Слободен печат“ | Борел: Нема датум, има добра волја за брзи преговори

Следно

Оштетен далноводот во Чернобил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian