Ако Салах не потпише нов договор, Ливерпул на лето го купува најдобриот млад фудбалер во Бундеслигата

1 min read

Управата на Ливерпул замената за Мохамед Салах ја пронајде во Бундеслигата доколку египетскиот репрезентативец не потпише нов договор со „црвените“.

Челниците на Ливерпул се подготвени да го исполнат барањето на Јирген Клоп и на „Енфилд“ се подготвени да го донесат фудбалерот на Баер Леверкуен, Флоријан Вирц.

Младиот 18-годишен Вирц веќе се промовира во еден од најдобрите млади фудбалери на светот и веќе е стандарден член на германската сениорска репрезентација.

Англиските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп се вклучил во убедувањето на Вирц, но и на челниците на Баер Леверкузен, и веќе имал разговор со луѓе од управата. Според медиумите, токму Клоп може да биде пресуден во евентуалниот трансфер на Вирц во Ливерпул, иако за него голем интерес пројавуваат Манчестер јунајтед и Њукасл.

Баер Леверкузен за Вирц кој сезонава постигна 10 гола и има седум асистенции, бара најмалку 70 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Опаѓањето на косата, болките и заморот се знак дека диетата ви штети

Следно

Во Бари уапсени албански државјани обвинети за меѓународен тероризам, едниот од нив вработен во општина Бари

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian