Ако Салах бара 400.000 фунти неделно, Ливерпул треба да му ја исполни желбата

1 min read

Првата рунда на преговори помеѓу Мохамед Салах и Ливерпул која се одржа изминатиот викенд заврши неуспешно бидејќи „црвените“ одбија да му ја исполнат желбата на фудбалерот чиј договор со англискиот тим истекува идното лето.

Денеска е откриено дека Салах за да стави потпис на новиот договор барал 400.000 фунти неделна плата, но челниците на Ливерпул засега не се подготвени да му ја исполнат желбата.

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека Ливерпул мора да му ја исполни желбата на Салах и да направи се за египетскиот фудбалер да остане на „Енфилд“.

– Мора да се согледа целиот аспект на ситуацијата кога се потпишува нов договор. Колку често е повреден, во каква форма се наоѓа? Салах игра постојано и тоа значи дека ако сака плата од 400.000 фунти неделно тогаш Ливерпул мора да му ги даде – вели Венгер.

Французинот смета дека Ливерпул не смее да си дозволи луксуз да остане без Салах кој еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

– Салах е микс од Роналдо и Меси. Цела сезона игра во одлична форма и такви фудбалери морате да ги задржите. Истото го мислам и за Садио Мане, тие двајца се дел од историјата на Ливерпул – додава Венгер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинските претставници на Евровизија се придружија во помошта: Ја бранат својата земја

Следно

Саливан: Кина ќе биде изолирана доколку и помогне на Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian