Српскиот претседател Александар Вучиќ даде уште еден коментар на падот на дронот во Загреб, како и на ситуацијата со војната во Украина.
Вучиќ рече дека претстојат тешки времиња и дека очекува притисок и од запад и од исток, но, како што рече, „најважно е да се зачува мирот, по секоја цена“.
„Да се тргнеме од патот кога големите се во конфликт, да ја спасиме нашата Србија, да не бидеме секогаш прва жртва, затоа ни треба многу поголема одговорност и сериозност“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија не треба да биде дел од НАТО и дека треба да го чува сопственото небо.
„Се надевам и добив уверување од военото раководство дека би ни требале пет минути да го собориме авионот и дека нема да ни се случи како во Загреб, бидејќи денес имаме нешто. Имаме војска, за разлика од пред 15 години. т.е. имаме промена и горд сум на тоа“, рече Вучиќ.