ВИДЕО | „Србите и Русите се браќа засекогаш“: Нов собир за поддршка на Путин во Белград

1 min read

Стотици поддржувачи на рускиот претседател Владимир Путин се собраа денеска на паркингот во близина на Сава Центар во Белград, носејќи ги знамињата на Русија, Србија, самопрогласените републики Луганск и Доњецк, а како што јавуваат локалните медиуми, тие попладнево со колона автомобили одржаа „возење за поддршка на Русија“ низ улиците на српскиот главен град.

Многумина од нив на автомобилите ја имаа напишано буквата „Z“, која ја истакнуваат руските сили во Украина.

Пред тргнувањето на колоната автомобили, присутните, кои носеле и фотографии на Путин, извикувале „Србите и Русите се браќа засекогаш“

Собирот го организираше ултрадесничарската организација „Народна патрола“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија потврди дека во нападот врз базата Јаворив убиле 180 странски платеници

Следно

ВИДЕО | Славниот пејач ја запеа познатата балада за украинските бегалци на железничка станица во Романија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian