ВИДЕО: Словенецот Зајц со спектакуларен скок од 243,5 метри во норвешкиот Викерсунд

1 min read

Словенечкиот натпреварувач во ски скокови Тими Зајц (21) беше во центарот на вниманието на Светското првенство во норвешкиот Викерсунд.

Зајц во третата серија со еден спектакуларен лет го прелета Викерсунд со фантастичен резултат од 243,5 метри.

Големината на оваа скокалница е 240 метри, а публиката беше воодушевена по овој неверојатен скок.

Ниту коментаторите не можеа да ја задржат радоста по овој одличен лет, кој е еден од најдолгите во последните неколку сезони во светот на ски скоковите.

Зајц немаше голема помош ни од ветрот, а на крајот сето тоа беше доволно за сребрен медал. Првото место го освои Норвежанецот Мариус Линдвик, а третопласиран е Австриецот Стефан Крафт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Пред и по 20 години: Лила во костим за капење изгледа топ!

Следно

Седум болници во Украина се целосно уништени од руската инвазија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian