ВИДЕО | Остро ја нападнаа: Додека луѓе умираат, руска инфлуенсерка лее солзи поради гасење на Инстаграм

3 mins read

Руската инфлуенсерка и блогерка се најде на удар на критиките откако објави видеа и фотографии на кои таа липа во солзи од страв за своите пари и заработувачка, откако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ги забрани западните социјални мрежи во Русија, додека трае инвазијата на неговата земји на Украина.

Таа мислела дека е добра идеја да сними видео во кое плаче поради загубата на следбениците и заработката по инвазијата на Владимир Путин во Украина и забраната на западните социјални мрежи во Русија. Наместо сожалувањето што го очекуваше, таа доживеа бран критики и напади.

Москва започна кривична постапка против Мета во сопственост на Фејсбук, обвинувајќи ја дека е екстремистичка организација која дозволува смртни закани врз руските војници. Мета тврди дека Русија отсекла 80 милиони Руси од Инстаграм, а инфлуенсерите ги остава „без леб“.

NEXTA, платформа која има за цел да го открие вистинскиот живот под власта на Путин, објави видео од руска блогерка за убавина како плаче.

„Дали мислите дека Инстаграм е само извор на приход за мене? Инстаграм е живот за мене. Поради него се будам, со него одам да спијам цели пет години”, почнала таа низ плачење. Блогерката додала дека минува низ првата фаза на тага поради забраната за користење на Инстаграм.

Заедно со нејзиното видео, NEXTA порачала дека блогерката повеќе се грижи за својата заработка отколку за илјадниците убиени Украинци, но и Руси. Нејзината најголема грижа е што не може да објавува фотографии од ресторанот“, напишале тие.

Во моментот кога блогерката го објавила видеото, украинскиот град Мариупол 13-ти ден е без храна, вода и електрична енергија. Убиени се повеќе од 1.500 цивили, меѓу кои и деца. Видеото досега е прегледано 1,3 милиони пати.

Меѓу оние кои се пожалија на забраната на Инстаграм се и руските инфлуенсерки Лиза Лукашева и Ана Иванова, кои ги повикаа следбениците да се префрлат на Телеграм и руската верзија на Фејсбук VKontakte.

Иако не леела солзи како нејзината колешка, на забраната за користење Инстаграм се пожалила и инфлуенсерката Лиза.

„Драги мои пријатели, Инстаграм ќе биде затворен во нашата земја за само неколку часа. Би сакала да останам во контакт со вас и да создавам содржина за вас. Претплатете се на мојот канал на Телеграм и VKontakte. Ветувам дека ќе комуницирам со вас на англиски и ве известувам за вашиот живот. Ви благодариме за сѐ“, порачала таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Нам да ни се случеше тоа од Загреб, за пет минути ќе го урневме дронот

Следно

Пешевски одличен, Лазаров постигна три гола против ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian