ВИДЕО: Кулушевски не сакаше да зборува на македонски јазик по мечот со Јунајтед!

1 min read

Во саботата екипата на Манчестер јунајтед славеше со 3:2 на стадионот „Олд Трафорд“ во премиерлигашкото дерби против Тотенхем.

За гостите до 78 минута настапи Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски.

Кулушевски кој беше дел од младинската У16 селекција на Македонија, а потоа одлучи да ги брани боите на шведската сениорска репрезентација, оваа сезона досега запиша седум настапи и два гола за Тотенхем во Премиер лигата.

Претходно во Италија го носеше дресот на Јувентус, Парма и Аталанта.

По завршувањето на мечот помеѓу Манчестер јунајтед – Тотенхем, Кулушевски имаше изјава за „Спорт клуб“. Тој одби да зборува на македонски, па побара тоа да биде на англиски јазик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Коста Ангов, актер

Следно

Д-р Драган Даниловски: Пандемијата нè научи дека лекувањето на болните од ковид е главно импровизација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian