ВИДЕО: Хаверц е херојот на Челси, Лидс со важна победа во Премиер лигата

1 min read

Денеска во рамките од 29 коло во најсилното англиско првенство составот на Челси со 1:0 успеа да го совлада Њукасл.

Стрелец на единствениот погодок за лондонските „сини“ беше германскиот интернационалец Хаверц во 89 минута после асистенцијата на Жоржињо.

Составот на Томас Тухел ја продолжува победничката серија, се наоѓа на третата позиција со 59 бодови, зад Манчестер сити (69) и Ливерпул (66), додека Њукасл е на 14 место со 31 бод.

Лидс ја прекина негативната серија на порази и дома забележа важен триумф во борбата за опстанок против Норич со 2:1.

Домаќините стрелаа за предност во 14 минута преку Родриго, а на нови погодоци чекавме дури во самиот финиш од средбата на стадионот „Еланд роуд“. Најпрвин израмни МекЛин во 91 минута, а во 94 минута конечниот епилог го постави Гелхард.

Лидс е во безбедната зона на табелата, на 16 место со 26 бодови, додека на дното останува Норич со 17.

Во другите мечеви: Евертон – Вулверхемптон 0:1, Саутемптон – Ватфорд 1:2 и Вест Хем – Астон Вила 2:1.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Две состојки со кои ќе ја елиминирате настинката за два дена

Следно

„Слободен печат“: Антишок терапија за скапотијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian