Фудбалерите на Барселона вечерва победија како домаќини над Осасуна со 4:0 во 28 коло од шпанската „Ла Лига“.
Стрелци за каталонскиот гигант беа Феран Торес од пенал во 14 и 21 минута, Пјер Емерик Обамејанг во 27 и Рики Пуиг во 75 минута.
Барса која го запиша третиот триумф по ред, моментно е третопласирана на табелата со 51 бод, а Осасуна е на 11 позиција со 35 бодови. Водечки е Реал Мадрид со 63, пред Севиља со 56 бодови.
Во следното коло играчите на тренерот Чави ќе му гостуваат на Реал Мадрид во традиционалното „Ел Класико“ на 20 март, а Осасуна ќе го пречека Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Бетис го совлада Атлетик Билбао со 1:0, со истиот резултат Реал Сосиедад беше подобар од Алавес, а Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски одигра 1:1 проитв Севиља.