ВИДЕО: Арсенал не се шегува, со големи чекори кон Лигата на шампионите

1 min read

Фудбалерите на Арсенал го совладаа Лестер на домашен терен со 2:0 во 29 коло од Премиер лигата и го запишаа петтиот триумф по ред.

„Топчиите“ играат фантастично во последно време. Тие победија на девет од претходните 11 првенствени натпревари и прават големи чекори кон враќање во Лигата на шампионите по петгодишно отсуство.

Моментно имаат 51 бод на четвртата позиција, еден повеќе од петтопласираниот Манчестер јунајтед, но и три натпревари помалку. Следниот меч ќе го играат против Ливерпул на 16 март на „Емирати“ и ќе биде вистински тест за составот на Микел Артета.

Томас Парти го доведе Арсенал во водство во 11 минута по центаршутот на Габриел Мартинели. Во продолжение Букајо Сака и Бен Вајт не реализираа шансите за домаќините и Харви Барнс за гостите.

Во 59 минута беше поставен конечниот епилог, Чаглар Сојунџу играше со рака во шеснаесетникот, судијата Ентони Тејлор покажа на белата точка по прегледувањето на ВАР снимката, а сигурен пеналџија беше Александар Лаказет.

Лестер ја прекина серијата од две последователни победи и се наоѓа на 12 место со 33 бода. На 20 март ќе ги одмери силите против Брентфорд.

ВИДЕО: Хаверц е херојот на Челси, Лидс со важна победа во Премиер лигата

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Славниот пејач ја запеа познатата балада за украинските бегалци на железничка станица во Романија

Следно

Да штедиме енергија и храна – нѐ чека епидемија на глад и немаштија, вели д-р Даниловски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian