„Слободен печат“: Антишок терапија за скапотијата

2 mins read

Утрешниот весник „Слободен печат“, меѓу другото, донесува:

Собрание – Усвоен пакетот антикризни мерки: Антишок терапија за скапотијата. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека пакетот од 26 мерки од 400 милиони евра има за цел да ги заштити на граѓаните и стопанството, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, мерките на Владата ги оцени како задоцнети.

Економија – Земјоделството најмногу ќе настрада од санкциите кон Русија. Цените на земјоделските производи многу ќе паднат и дома и за извоз. Русија и Украина беа наши традиционални пазари. Секогаш е тешко пробивањето на нови пазари и тоа повлекува да се конкурира со пониска цена на земјоделските производи што, пак, е прашање колку ќе биде исплатливо за производителите.

Судство – Разрешени само двајца судии, а застарени 3.000 предмети, судскиот совет за годинава најавува „прочистување“. Годинава застарува едно кривично дело за обвинетите Томе Аџиев и други девет обвинети во аферата „Моќник“. В година ќе истече рокот за расчистување на обвинението против Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание во „Титаник 2“.

Здравство – Д-р Драган Даниловски: Време е за тотален „ресет“.Земјава нема доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем, ниту пак капацитет за целосно спроведување на какви било мерки, заклучува професорот Драган Даниловски по две години од појавата на ковид-пандемијата.

Свет – Забраната за увоз на руски нафта и гас ги крена цените на берзите: Нафташите жнеат профит од војната во Украина. Зголемената заработка на нафтените компании може да го зголеми нивното влијание кај владите, што може да ги загрози обврските за спречување на климатските промени.

Спорт – Интервју Жељко Бабиќ, тренер на битолскиот ракометен погон: Вардар е фаворит, но Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен. Предводникот од клупата на битолскиот клуб е задоволен од досега оствареното сезонава на домашен и на европски план. Сега во игра е што повисок пласман во Европската лига и можноста да му се помрсат сметките на актуелниот шампион Вардар на домашен план.

Мозаик – Што прави денеска Емилија Ем Мишева, дизајнерка и уметница

Не пропуштајте го секогаш интересниот енигматски прилог Енигмо!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Хаверц е херојот на Челси, Лидс со важна победа во Премиер лигата

Следно

Во масовна гробница во Киев закопани 67 цивили: Лицата биле завиткани во црни пластични кеси (ФОТО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian