Скопјани на фејсбук: Богев фала ти, само кај нас зграда со поткровје добива уште едно поткровје

1 min read

Општината Карпош е пример за урбанистички хаос и лошо планирање, особено во последните десетина години кога за секој чекор е изградена по некоја зграда. За една од ваквите урбанистички грешки, граѓаните на социјалните мрежи испратија порака до поранешниот градоначалник и како што велат „генијалецот“, Стефан Богоев. 

Станува збор за зградата до трговскиот центар Лептокарија која неодамна е доградена со уште еден спрат. Односно, според пишувањењето на фејсбук зградата со поткровје добила уште едно поткровје. 

„Само кај нас нова зграда со поткровје, добива поткровје на поткровјето.Само кај нас бензиска добива наградба на 6 спрата.Ех Богоев, генијалецу. Фала ти. Ти памти народот“, се вели во фејсбук статусот објавен на фејсбук страната направена од граѓани од општината Карпош. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Прва лига: Нафиу за радост на Шкендија, Брегалница сигурна против Борец

Следно

Русија потврди дека во нападот врз базата Јаворив убиле 180 странски платеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian