Русија потврди дека во нападот врз базата Јаворив убиле 180 странски платеници

1 min read

Руската армија тврди дека во денешниот напад врз местото Стричи и воената база Јаворив убиени се странски платеници.

– Како последица на тој напад елиминирани се до 180 странски платеници и уништено е големо количество странско оружје, изјави руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Претходно, гувернерот на украинските регионални воени власти, Максим Козицки изјави дека при нападот на руските сили врз воениот комплекс Јаворив, загинале најмалку 35 лица, а повредени се 134.

Тој додаде дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстосувачки ракети кон воената база Јаворив.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан денеска изјави дека Русија ќе се соочи со одговор од НАТО доколку нејзините напади ја преминат границата на Украина и ги погодат сојузниците.

Воената база е лоцирана на само на само 10 километри границата со Полска и вообичаено се користеше за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО. САД и Алијансата соопштија дека за време на нападот во базата немало нивен персонал. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Скопјани на фејсбук: Богев фала ти, само кај нас зграда со поткровје добива уште едно поткровје

Следно

ВИДЕО | „Србите и Русите се браќа засекогаш“: Нов собир за поддршка на Путин во Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian