„Макпетрол“ најуспешен на државното карате првенство за сениори

3 mins read

Каратистите на скопски „Макпетрол“ не дозволија никакво изненадување и повторно во подолг временски период во генерален пласман се најуспешен клуб на ова државно првенство.

На 12 март 2022 година (сабота) во Скопје се одржа Државното првенство за сениори-ки, во дисциплините борби и кати.

„Макпетрол“ е најуспешен клуб со вкупно освоени 14 медали, по пет златни и сребрени, и четири бронзени. Следуваат Олимпик спорт со 8 медали (4-1-3), па Фунакоши Гичин 8 (3-1-4), Металург 5 (1-2-2), Штип 4 (1-1-2)…

Државни шампиони се: Марија Петровска -50 кг, Анѓела Мојсовска -68 кг, Петар Заборски -75кг, Петар Спасеновски -84 кг, Екипно борби мажи златен медал состав (Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојанович, Глигор Петков, Витомир Трајковски, Дарјан Тасевски)

Сребрени медали –

Сара Радичевска -50 кг
Моника Пендаровска -61
Викторија Јовановска -68
Давид Петков -67
Женскиот тим во борби (Симона Заборска, Сара Радичевска, Ангела Мојсовска Моника Пендаровска и Викторија Јовановска)

Бронзени медали –

Симона Заборска -55 кг
Витомир Трајковски -84 кг
Стефан Стојановиќ +84 кг
Глигор Петков +84 кг

Шампиони на Македонија се: Марија Петровска -50 кг, Марија Милевска -55 кг, Вероника Костовска -61 кг, Ангела Мојсовска-68 кг и Румена Балшевска +68 кг Беговиќ во борби кај жените:
Фахик Весели -60 кг, Емил Павлов -67 кг, Петар Заборски -75 кг, Петар Спасеновски -84 кги Берат Јакупи +84 кг кај мажите.

„Макпетрол“ е екипен првак во машка, а Олимпик спорт во женска конкуренција борби..
Во кати правци се Пуликсенија Јованоска и Кристијан Бајовски, додека во екипна конкуренција најдобри се Гладијатор во женска и Фунакоши Гичин во машка конкуренција.

Бошко Заборски изјави: На првенството имаше многу интересни борби, неизвесност постоеше во секоја категорија. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме 5 златни медали но и 5 сребрени кои лесно можеа да бидат златни медали. За обележување се настапите на капитенот на Макпетрол Петар Заборски кој о категоријата -75 кг ги совлада сите конкуренти и заслужено го освои првото место,
Петар Спасеновски доминираше во полутешка категорија и исто така рутинирано и сигурно ги совлада сите свои конкуренти, во ист стил овој пат беше и најдобрата Македонска каратистка Ангела Мојсовска која во категорујата -68 кг доминираше и сите борби ги победи со голема бодовна разлика.

Во екипните натпревари кај мажите во полуфиналниот натпревар Макпетрол со максимален резултат 3-0 го победи ривалот Металург од Скопје а во финалниот натпревар подоцна Макпетролците исто така заслужено го совладаа Штип од Штип кој беше поразен со максимален резултат 3-0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Јахтата што ја запленија Италијанците ѝ припаѓа на најбогатата Србинка: Која е Сандра Мељниченко?

Следно

Влада: Антикризните мерки веднаш дадоа резултати – од денеска пониски цени на горивата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian