Констракта на мета на хакери: Згаснати ѝ се сите профили на социјалните мрежи

2 mins read

Српската пејачка Ана Ѓуриќ (43) која се прослави под уметничкото име Констракта, се најде во непријатна ситуација откако ѝ се хакирани сите нејзини профили на социјалните мрежи.

По тој повод,  Констракта им се јавила на обожавателите преку инстаграм-профилот на групата „Земља Грува“, за чиј бенд настапуваше на Беовизија во 2009 година. Пејачката за само неколку дена доби повеќе од 40.000 следбеници на Инстаграм, а се чини дека сега сѐ е изгубено.

– Еве, само да се јавиме, бидејќи сите сме големи познавачи на безбедноста на интернет. Сите мои профили се хакирани, а можеби е и подобро така. Навикната сум да сум сама – изјавила пејачката и додала:

„Ќе се обидеме да ги вратиме профилите со помош на стручни лица, а ако не успееме, тогаш почнуваме од почеток.“

Констракта стана вистинска сензација во регионот по победата на овогодинешната српска Песна за Евровизија 2022, т.н. „Беовизија“ и со тоа си обезбеди патување на Евровизија во Италија. Нејзината победничка песна „In Corpore Sano“ достигна и високо шесто место на најпопуларната веб-страница за текстови, Genius. Нејзината песна е на листата на најпребарувани текстови во светот, а на списокот се наоѓаат исклучиво странски, исклучително популарни уметници како Ед Ширан, Камила Кабељо, Канје Вест

Инаку, текстот на песната е исто така тема за која многу се зборува овие денови. Имајќи предвид дека Констракта освои најголем број поени од стручното жири, но и најмногу гласови од публиката, многумина коментираат дека „Србија конечно се буди“, а на социјалните мрежи се поврзуваат дека ова може да биде добар знак пред изборите 3 април“.

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

ФОТО | Аца Лукас не прифаќа пораз: Победата на Констракта е местенка, ќе следат тужби!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во масовна гробница во Киев закопани 67 цивили: Лицата биле завиткани во црни пластични кеси (ФОТО)

Следно

Антикризните мерки веднаш дадоа резултат, велат од СДСМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian