Познатата водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии и видеа.
Згодната и харизматична водителка со годините изгледа сѐ поубаво, за што сведочат и фотографиите што ги објавува на својот инстаграм-профил.
Импресивната бројка следбеници која брои повеќе од 216.000 е доказ дека Лила е една од омилените јавни личности во Македонија. Непосредна, со добра смисла на хумор и со уште подобар изглед… слободно можеме да кажеме дека времето како да застанало за неа. Тоа го докажуваат и последните фотографии што ги објави на своите инстаграм-приказни.


Во описот на самите фотографии Лила кратко напиша – пред и по 20 години. Судејќи според фотографиите, Лила може да се пофали со фантастична фигура – и тогаш и сега. На едната фотографија позира во бикини, а на другата во едноделен костим за капење.